Гребен асфалт на повеќе улици во руралниот дел
Во изминатиот период Општина Ѓорче Петров работеше на санација и поставување гребен асфалт, како времено решение на повеќе улици во руралниот дел. Целта е подобрување на условите за живот на жителите од населените места Стопански Двор и Волково.
Гребен асфалт беше поставен во Волково на еден крак од ул.20, Волково на два краци од ул.22, Волково на ул.102 и Стопански Двор на ул.51 и ул.52.
Покрај санацијата на улиците и краците, екипите на комуналниот пункт во Ѓорче Петров работеа и на чистење на каналската мрежа за одводнување којашто ја користат жителите од тој дел на општината.
Општина Ѓорче Петров согласно можностите и временските услови ќе работи на санација на уште неколку улици и краци во овие населени места во наредниот период.
Извор: Општина Ѓорче Петров