spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Ќе се спроведува Проектот на УСАИД за развој на локалните капацитети

Гевгелија: Ќе се спроведува Проектот на УСАИД за развој на локалните капацитети

Oпштина Гевгелија и Здружението „Конект“, чиј партнери се
Фондацијата „Аполонија“- Гевгелија, „Индиго“ и ЕВН, ќе го спроведуваат Проектот на УСАИД: „Здружи се за заедницата“, беше договорено на вчерашната средба на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов со претставниците на проектните имплементатори.
Целта на проектот е да се создаваат одржливи системи и развиваат локалните капацитети на заедниците за планирање, финансирање и спроведување решенија со развојните предизвици и приоритети. Со спроведувањето на проектот, ќе се овозможи локалните актери да соработуваат заедно, го водат локалниот развој и да ги мобилизираат ресурсите за развојните приоритети за подобра заедница.
 Во рамките на целите, пред градоначалникот Сарамандов  тимот на „Конект“ ја презентираше мобилната апликација- платформа за граѓанско учество на локално ниво „Муни“.

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...