Вработени од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипа од ЈП „Паркови и зеленило“, се на терен со цел уредување на паркинг зона Д3 во Аеродром.
Се кастрат и отстрануваат дотраените и стари гранки од дрвјата, а воедно паркиралиштето се чисти од смет.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје продолжува со редовните активности со цел пристапни и чисти паркиралишта за граѓаните.
Извор: ЈП Градски паркинг Скопје