spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: ЈАВЕН ПОВИК За аплицирање на кандидати за волонтирање

Кавадарци: ЈАВЕН ПОВИК За аплицирање на кандидати за волонтирање

Врз основа на Програма бр. 08-7742/39 од 22.12.2022 година за волонтери во Општина Кавадарци за 2023 година, Општина Кавадарци –Локална Самоуправа објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

За аплицирање на кандидати за волонтирање

во Општина Кавадарци

 

Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци за извршување на активности според проектот ‘’За чисто и убаво Кавадарци”.

Јавниот повик се објавува поради потребата на Општина Кавадарци за ангажирање на  волонтери, кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и позелен град  и  тоа:

  • оплеменување на зеленилото низ градот,
  • засадување на нови садници,
  • подигање на нови зелени површини низ градот,
  • средување на јавните зелени површини низ градот,
  • кастрење на вегетацијата,
  • и одржување на селските патишта и фудбалски игралишта ,
  • како и чистење и одржавање на чистотата на повеќе локации како што се: просторот на поранешна дискотека Ла Луна, градски парк, месноста Моклиште, околината покрај новиот суд, главните влезови на градот, околината кај споменикот 12 те Другари и други локации
  • и други тековни непредвидени волонтерски активности.

 

Времетраењето на волонтерската работа е од 06.02.2023 година до 31.12.2023 година кое  ќе се регулира со склучување на договор за волонтирање.

Напоменуваме дека на ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надоместок на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 од Законот за волонтерство („Сл. Весник на РМ„ бр. 85/2007, 161/2008, 147/2015 и „Сл. Весник на РСМ„ бр.124/2019 и 103/2021) најмногу до 15% од просечната месечна плата во Република Северна Македонија исплатена во претходната година.

Заинтересираните лица потребно е да достават Пријава на следната адреса:Општина Кавадарци , ул. Плоштад Маршал Тито бб  со назнака „За јавен повик за ангажирање волонтери“ во Општина Кавадарци  или дирекно во архива на Општина Кавадарци соба бр.20.

Рок за пријавување: јавниот повик е од отворен карактер.

 Пријавените кандидати  ќе бидат повикани да склучат  договор за волонтирање  и да започнат со вршење на волонтерската работа.

 

 

Извор: Општина Кавадарци 

Прочитајте