HomeОпштиниБитола: Реновиран затворен простор за продавачите на текстил

Битола: Реновиран затворен простор за продавачите на текстил

spot_img
spot_img

Закупците на тезги за продажба на текстил во Градскиот пазар, имаат нов реновиран затворен простор, со современи услови кои одговараат на потребите на продавачите и купувачите.

При денешната посета на пазарот, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, од страна на директорот на ЈП Пазари, Никола Гацовски, беше информиран дека, активностите се одвиваат согласно предвидената динамика, со што надминат е долгогодишниот проблем во овој дел на градскиот пазар, а комплетно е променета и старата лоша слика на објектот и извршено е негово реновирање со поставување на плочки, нови тезги и соблекувални.

Во текот на оваа недела, комплетно ќе биде завршено и расчистувањето на отворениот дел од пазарот каде што до неодамна закупците продаваа текстил.

Со овие активности, просторот целосно ќе го промени својот изглед, а континуирано се работи и на нови проекти за подобрување на условите и хигиената во Градскиот пазар.

 

 

 

Извор: Општина Битола 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија