Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2022 година, живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4.7 %.
Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои 9 се умрени доенчиња.
Природниот прираст е – 616 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.
Во ова тримесечје од годината склучени се 2 762 бракови и нивниот број е намален за 2.0 % во споредба со истиот период од 2021 година.
За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39.1 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година.
Преземи го соопштението во целост
Извор: Државен завод за статистика