Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов присуствуваше на Првиот Форум за образование, а од кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип, средните училишта и приватниот сектор.
Со сплотени сили, веруваме дека ќе им биде овозможено на идните ученици и студенти да имаат подобри услови за унапредување на знаењата, бидејќи она што нè поврзува се моралните вредности, квалитетот на образовниот процес, посветеност кон целта и јасната визија за големи успеси на младите припадници на заедницата.
Извор: Општина Штип