spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСарај: Јавен повик

Сарај: Јавен повик

За прибирање на барања за користење на средства од буџетот на Општина Сарај за 2023 година наменети за финанцирање на проекти и активности на здруженија и фондации во Општина Сарај.

Распределбата на средствата е од Буџетот на Општина Сарај за 2023 година, согласно Програмата за финанцирзње на проекти активности на НВО, ќе се врши врз основа на критериумите и приоритетите дадени во овој повик.

1.   Видот и проектите кои ќе бидат поддржани и предвидени финансиски средства

Средствата од Буџетот на Општина Сарај ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации. Здруженјата и фондациите треба да понудат креативни и иновативни проекти со осмислени програми и содржини што можат да се инплементират во Општина Сарај во следните приоритетни области: социјална заштита, култура животна средина, одржлив економски развој, и образование.

2.   Доставување извештај

НВО на кои ќе им бидат доделени средства согласно Програмата за финанцирзње на проекти активности на НВО и Здруженија и фондации, по завршување на своите проекти и активности, ќе достават наративен и финансиски извештај за користење на средствата  до Општина Сарај.

3.  Основни организиски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите кои ќе учествуваат на овој повик се:

-Да     се     регистрирани    според     Законот     за здруженија и фондации, и

-Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес.

4. Потребна документација која здружението / екипата треба да ја достави кон Пријавата за финансиска подршка на здруженија

-Пријава за финансиска поддршка

-Предлог проект

-Статут и решение за регистрација на здружението или фондација

-Извештај за добиените средства од Оптшина Сарај во измината фискална година и начинот на нивната реализација, ако биле корисници.

Напомена:Пријавите со непотполна домуентација или пријавите доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Нема да се разгледуват и пријавите што не содржат извештај за претходно добиените средства, ако користеле.

5. Рок и начин на доставување на пријавите

Потребните податоци како и предлог програмите и проектите, со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава која може да се подигне во Архивата на Општина Сарај или од официјалната веб страница на Општина Сарај www.saraj.gov.mk

Јавниот повик трае 10 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

Пријавите треба да се достават до Општина Сарај, преку пошта на адреса: ул.1 Сарај бр. 36 Скопје-Сарај, или во Архивата на Општина Сарај најдоцна до 15:00 часот на последниот ден од завршувањето на Јавниот повик, со назнака Јавен повик за распоредување буџетски средства за за финанцирзње на проекти активности на НВО и Здруженија и фондации во Општина Сарај.

ПРЕВЗЕМИ БАРАЊЕ

 

 

Извор: Општина Сарај 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...