spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Граф во посета на општината

Гостивар: Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Граф во посета на општината

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, беше домаќин на вршителот на должноста амбасадор на Германија во Скопје, г. Ото Граф.

На средбата се разговараше за важноста на странските инвестиции во Гостивар, како и нивниот континуиран раст.

“Ја истакнав вредноста од соработката во досегашните проекти во Гостивар на германската амбасада и му се заблагодарив на амбасадорот за покажаниот интерес за развивање на нови иницијативи.Го информирав г. Граф и со приоритетните проекти за Гостивар кои треба да се реализираат во наредниот период и со оние што досега ги имплементиравме, особено во училиштата и во областа на спортот“, истакна градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата, исто така, се разговараше и за политичката состојба, поточно за неопходните уставни измени кои ќе го отворат европскиот пат за нашата земја. Во оваа насока, градоначалникот на Општина Гостивар го увери германскиот амбасадор дека ги поддржува сите напори и иницијативи поврзани со интеграцијата на земјата во Европската Унија.

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

МЕП: Муртезани во ЕП на средби со европратениците Ројтен и Тонин

0
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, на првиот ден од работната посета на Брисел, оствари средби со европратениците Тајс Ројтен...