Градоначалникот Пекевски, го потпиша договорот за реализација на проект ,,Инклузија на децата Роми, во јавните општински установи –детски градинки” со Министерството за труд и социјална политика, во рамките на кој, во детската градинка ,,23 Август” во Берово и оваа година, ќе бидат згрижени деца Роми.
Целта на проектот, е отстранување на постоечките бариери, за пристап до предучилишни установи, на деца Роми, на возраст од 3 до 6 години, инклузија на децата и нивна социјализација, како и зајакнување на свеста кај нивните родители, за важноста на раниот детски развој и образованието на нивните деца.
На денешниот организиран настан , на кој повеќе општини потпишаа договор, исто така беа презентирани постигнатите резултати, од спроведувањето на овој проект, во изминатата година.
Образованието во раното детство, има многу важна улога во развојот на децата, па така посетувањето на предучилишни установи, ќе донесе позитивни општествени промени- истакна Пекевски.
Извор: Општина Берово