Иуте Кредит Македонија како партнер поддржувач на стратегијата на СОС Детско село верува дека квалитетот на детството е клучен за идниот развој на индивидуалците, како личности, но и на целото општество. Преку разни активности учествуваше во проектите за поддршка на децата без родителска грижа и оние кои се изложени на ризик да ја загубат грижата од своите семејства.
Изминатата година, беа организирани неколку интересни активности за децата и младите од СОС Детско Село, како Велигденска работилница, работилница за завршеток на учебната година со припрема на овошни салати, сокови и смути, како и организирана едукативна посета на Планетариумот во Скопје.
Во 2023 година Иуте Кредит Македонија и понатаму продолжува да биде дел од убавата приказна со СОС Детско Село и дружбите со децата кои ќе претстојат во наредниот период.
Извор: ИутеКредит Македонија