spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаАХВ: Бабовски за Ал Џезеира: Состојбата со африканската чума кај свињите е...

АХВ: Бабовски за Ал Џезеира: Состојбата со африканската чума кај свињите е стабилна

Ситуацијата со африканската свинска чума во последниве три месеци е стабилна, изјави за ТВ Ал Џезеира, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски.

Рестриктивните мерки на сила се само уште во Куманово, а во другите општини, додаде тој во изјавата, дозволено е повторно да се одгледуваат свињи само со исполнување на неколку услови.

 

 

Откако ветеринарната инспекција ќе изврши категоризација, зависно од тоа дали фармата е со низок или со среден ризик, може да се почнеа со репопулација. Таа дилема мораме да ја расчистиме. Повторното одгледување е можно, дури и се препорачува, бидејќи тие одгледувачи се дел од нашата месна индустрија. Оние кои не ги исполнуваат условите, не можат да вршат репопулација. Мораат прво да ги подигнат стандардите во одгледувалиштата и да дојдат барем до категоријата фарми со среден ризик

– истакна Бабовски.
 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...