Интероперабилноста и дигитализацијата на јавните услуги беа во фокусот на работниот состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Арсим Хасани.
Порталот за електронски услуги ќе се збогати со нови 16 дигитални услуги за ПИОМ. Процесот е во финална фаза и се очекува е-услугите да бидат достапни до граѓаните и компаниите на Националниот портал за е-услуги во Април.
Ова е заклучокот од состанокот на којшто присуствуваа и ИТ тимовите на двете институции, при што се разговараше и за понатамошно продлабочување на соработката со идни проекти поврзани со дигитализацијата.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација