HomeОпштиниГази Баба: Се одржа модната ревија "Јас, Бети - Сонот се остварува"

Гази Баба: Се одржа модната ревија “Јас, Бети – Сонот се остварува”

spot_img
spot_img

Бети како лице со Даунов синдром има посебно изразени уметнички активности на кои сите ние сме горди, а на модната ревија “Јас, Бети – Сонот се остварува” градоначалникот Бобан Стефковски присуствуваше со големо задоволство.

Општина Гази Баба беше една од покровителите на вчерашната ревија, која претставува реализацијата на сонот на Бети.

На модната ревија беа презентирани колекции накит, обетки и асесоари кои се изработени од вештите раце на нашата Бети заедно со дизајнерите Елена Поповска и Јасминка Стојановска.

Тие кои ја познаваат Бети, знаат дека таа во секоја своја изработка ги внесува своите време, срце и целото битие. Нејзините желби се секогаш да се надминува себе си и секогаш да успее да не изненади со некој нов подвиг. Таа не поттикнува сите да навлеземе во себе си, да ги запознаеме своите слабости и силни страни, но и да најдеме сила да ги оствариме своите соништа.

Извор: Општина Гази Баба

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте