Денес во општинското основно училиште “Наум Наумовски Борче” се одржа Меѓународниот младински рејтингуван шаховски турнир по повод патрониот празник на училиштето.
Во општина Гази Баба имаме ученици кои бележат високи резултати во сите категории на спорт, вештини и знаење.
На денешниот настан беше присутен и градоначалникот Бобан Стефковски кој ги додели пехарите и медалите на најдобрите шахисти од 6, 8 и 10 години.
Извор: Општина Гази Баба