spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМаркетингTрет jуниорски куп на Ракомет за секое дете

Tрет jуниорски куп на Ракомет за секое дете

Ракомет за секое дете – најголемата и најдобро организираната школа за ракомет во Македонија секојдневно се развива со основна цел да овозможи што повеќе деца да го развиваат својот афинитет кон ракометот.

Во неделата на 12-ти во С.Ц. “Јане Сандански” се одржа третиот jуниорски куп, турнирски систем на натпревари за децата од школата за ракомет #ТОПКА, како дел од проектот #РакометЗаСекоеДете.

Повеќе од 250 момчиња и девојчиња од скопските општини Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Населба Лисиче и Општина Велес, на возраст од 6-14 години поделени во четири возрасни категории одиграа 32 натпревари, во мини и голем ракомет и покажаа одлични спортски перформанси.

 

 

Извор: ИутеКредит Македонија 

Прочитајте

Карпош: Реорганизација на основните училишта

0
Почитувани сограѓани, Ве информираме дека Советот на општина Карпош ја усвои Одлуката за утврдување на реони на десетте основни училишта кои се наоѓаат на територија...