Локалната самоуправа ги информира граѓаните кои досега не ги добиле своите Решенија за плаќање на данок за имот за 2023 година, (кои се доставуваат преку пошта), дека можат да се обратат и истите да ги подигнат во Одделението за утврдување и наплата на даноци, такси и други надоместоци, кое функционира во рамки на Општина Карпош (ул. Радика бр. 9). Во надеж дека ќе наидеме на соработка од ваша страна, однапред ви благодариме за разбирањето во врска со оваа ситуација.
Извор: Општина Карпош