spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниРадовиш: Новите дигитални услуги достапни за граѓаните

Радовиш: Новите дигитални услуги достапни за граѓаните

Со успешната реализација на проектот ‘Пост-КОВИД: Општините како двигатели на одржливиот развој’ кој се реализираше во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Министерството за локална самоуправа, Бирото за регионален развој и партнерство со Општина Конче, новите услуги веќе се достапни за граѓаните.

Новата дигитална алатка опфаќадваесет општински услуги со можноста задополнително проширување и развој на софтверот во иднина. Главната цел на софтверот е да го олесни пристапот на граѓаните до административните услуги и да ја модернизира локалната самоуправа со приклучување кон регионалните и светски технолошки трендови.

Системот е лесен за користење и постапката започнува со креирање на кориснички профил на општинската веб страна. Профилот понатаму се користи за интеракција со системот за одбирање, електронска наплата и достава на услугута кон граѓаните. Оваа означува значителен чекор напред кон поефикасен и поекономичен пристап кон услугите на локалната самоуправа и исклучување на потребата од физичко присуство и интеракција.

Дигитализацијата на услугите на локалната самоуправа е дел од поголем тренд кон дигитална трансформација, при што се повеќе општини ја препознаваат потребата за модернизирање на нивните услуги и подобрување на пристапот за граѓаните.

Проектот е усогласен со Целите за одржлив развој на Обединетите нации,и со успешното спроведување на проектот во Радовиш се надеваме дека и другите општини ќе се приклучат кон глобалните трендови.

 

Е-УСЛУГИ

 

 

Извор: Општина Радовиш

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...