HomeОпштиниГази Баба: Работна средба во рамки на проектот "Инклузивна училница"

Гази Баба: Работна средба во рамки на проектот “Инклузивна училница”

spot_img
spot_img

На работната средба која се одржа пред извесен период во општина Гази Баба во рамки на проектот “Инклузивна училница” (www.icf-inclusion.net) со претставници од општина Гази Баба, Здружението “Образование за сите” Скопје и Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на РСМ се работеше на создавање на практична листа за проверка на инклузија која се темели на МКФ.

На следната средба која исто така, се одржа во општината имаше конструктивна дискусија со Секретарот на општина Гази Баба, претставниците – партнери од Македонија на проектот и претставници на дел од основните училишта во општината околку придобивките од алатките за олеснување на инклузивните процеси изработени во Еразмус+.

На состанокот се направи и заеднички план за пилотирање на алатките во основните училиштата и нивна понатамошна употреба и корисност за напредок на учениците со попречености кои ги посетуваат училиштата во нашата општина.

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте