Транспарентноста и отчетноста пред граѓаните останува еден од главните столбови на Општина Тетово.
Продолжуваме секое тримесечје, кало и досега да ги објавуваме сите договори на дело што ги склучува општината.
За првите три месеци од 2023 година, Општина Тетово има склучено вкупно 3 договори. Од нив, два се за адвокати ангажирани во правните постапки што Општината ги поведе против претходното раководство и еден договор за надворешен советник за менаџирање со градежно земјиште.
На крајот од секој месец, сите вработени со договор на дело поднесуваат редовни извештаи за извршената работа.
Продолжуваме транспарентно и одговорно, со чист образ пред граѓаните!
Извор: Општина Тетово