Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од пристигнатите извештаи, бројот на дипломираните студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во Република Северна Македонија, во 2020 година во споредба со 2019 година, е намален за 12.3 %.
Од вкупниот број дипломирани студенти, 81.9 % се редовни, а 18.1 % се вонредни студенти.
Процентот на дипломирани студентки изнесува 59.5 %.
Од вкупниот број студенти, 37 % дипломирале во рокот, додека 63 % дипломирале по рокот.
Извор: Државен завод за статистика