spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Меморијален турнир "ИГРАМЕ ОД ❤️ ЗА АЛЕК"

Гази Баба: Меморијален турнир “ИГРАМЕ ОД ❤️ ЗА АЛЕК”

Во просториите на општинското основно училиште “Вера Јоциќ” се одржа меморијалниот турнир во чест на младиот Алек Радуловиќ кој за жал го загубил својот живот.

Денес под мотото “Играме од срце за Алек” сите се потсетија на спортскиот и ведар дух кој во себе го имал младиот Алек.

Учесници на настанот беа ученици од сите општински основни училишта од трето одделение.

Градоначалникот Бобан Стефковски се обрати пред присутните во салата и истакна дека наскоро на местото на старото основно училиште “Вера Јоциќ” ќе започне изградбата на нов спортски центар. По предлог на Градоначалникот Стефковски спортската сала ќе го носи името Алек Радуловиќ, по претходни консултации со семејството Радуловиќ, со што споменот за него да биде вечен.

Оваа година за прв пат Сојузот на училишен спорт на општина Гази Баба во своето работење превзема и организација на спортски активности за децата од одделенската настава со цел истите од најмали нозе да ги насочиме да чекорат по спортските патеки.

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

Кичево: Известување

0
Почитувани граѓани, Со одлука на градоначалникот на општина Кичево, г-дин Фатмир Дехари, ја имаме честа преку овој допис официјално да ве информираме дека од понеделник...