Ракометната школа за деца ,,Ракомет за секое дете” функционира со главна цел да секое дете ги покаже своите афинитети и да го развие својот талент кон ракометот.
Спортската сала “Гемиџии” во Велес беше домаќин на четвртиот #ЈуниорКуп. Децата од ракометната школа, на возраст од 6 до 13 години, поделени во групи по возраст и ракометно искуство, одиграа натпревари во “голем” и во мини – ракомет. Од трибините ги бодреа своите другарчиња од школата, создавајќи спомени и искуства и запознавајќи нови ракометни пријатели.
Извор: ИутеКредит Македонија