spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Герасимовски - Центар е најтранспарентна општина од сите скопски општини

Центар: Герасимовски – Центар е најтранспарентна општина од сите скопски општини

Општина Центар е најтранспарентна од скопските општини според индексот за проактивна транспарентност на Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Имено, Агенцијата вчера го објави Извештајот за извршената проверка на објавените документи и информации од општините и центрите за развој на плански региони во Република Северна Македонија кои како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници.

Од мониторираните 89 иматели на информации според методологијата на мониторирање Општина Центар е на врвот од сите општини во главниот град според транспарентноста на веб страната. Воедно Општина Центар бележи пораст за 11 места земајќи го периодот од две години односно од 2021 до 15 мај 2023 година.

„На чесност и отчетност во работењето се залагав уште како кандидат за градоначалник на општината и денеска ми е мило што нашиот начин на работа е препознаен и највисоко оценет од сите скопски општини. Отвореноста во работата ја зајакнува врската меѓу локалната самоуправа и граѓаните. Таа доверба не само што се стекнува преку транспарентност во работењето и целосен увид и информирање туку и преку вклучување на граѓаните при креирањето и реализирањето на проектите. Директните средби меѓу општината и граѓаните носи резултати за сите нас во Центар. Ние не само што ги информираме граѓаните туку и тие не информираат нас преку дојави за дивоградби по кои постапуваме или други неправилности во општината“, вели градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски коментирајќи го извештајот од Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од Јавен карактер.

Општина Центар ќе продолжи да работи транспарентно со цел навремено и отворено да ги информира граѓаните за сите случувања во општината. Општината и во иднина ќе продолжи да одржува директни средби и да ги слуша граѓаните со цел Центар да стане поубаво место за сите нејзини жители.

Во прилог на ова соопштение доставуваме и линк од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер https://rb.gy/m0c7s . Извештајот од спроведеното истражување се наоѓа на крајот од објавата.

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...