spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedАФПЗРР: Исплатени дополнителните директни плаќања за овоштарство

АФПЗРР: Исплатени дополнителните директни плаќања за овоштарство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурланиот развој на сметките на10.604 корисници изврши исплата во висина од 286.673.118,00 денари за дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7 по обработлива земјоделска површина за одделни овошни видови.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат засадени површини со следниве овошни видови: јаболко, слива, праска, круша, вишна,кајсија ,цреша, јагода на отворено, малина, капина, боровинка ,дуња,мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко,смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, барем, лешник, ореви и питоми костени ,кои се корисници од подмерка 1.7 од оваа уредба и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

– Висината на директните плаќања изнесуваат 29.000 денари по хектар, односно 38.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари јаболко , висината на директните плаќања за слива и праска изнесува 24.000 денари по хектар односно 30.600 денари по хектар со пријавена површина за финансиска поддшка од минимум 1 хектар до максимум 5 , за круша,вишна,кајсија ,цреша,јагода на отворено,малина,капина и боровинка висината на плаќањата изнесува 21.000 денари по хектар, односно 27.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска подршка од минимум 1 до максимум 5 хектари , висината на директни плаќања изнесува 13. 000 денари по хектародносно 18.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1хектар до максимум 5 хектари за дуња, мушмула,актинидија,маслинка,калинка,јапонско јаболко,смоква,аронија,шип,рибизла,гоџи бери,бадем и лешник.

АФПЗРР продолжува со обработка и подготовка на следните исплати кои следат за останатите мерки за финансиска поддршка – информира директорот Никица Бачовски .

 

 

 

Извор:  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте