Општина Илинден изврши комплетно уредување на просторот пред Домот на култура во централниот дел на населеното место Бујковци.
Изградено е ново детското игралиште каде поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Извршена е целосна реконструкција на игралиштето за баскет, каде поставени се две нови табли, извршено е комплетно партерно уредување како и целосно оградување на просторот.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети населеното место Бујковци и истакна дека со ова комплетно уредување на просторот пред Домот на култура во Бујковци младите ќе добијат убаво и безбедно место за игра и забава, каде ќе можат да го поминуваат слободното време.
Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба и реконструкција на детските игралишта и игралишта за спортување и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.