Општина Бутел продолжува со реконструкција на улица “62” и крак на улица “Радишанска”.
Продолжува реконструкцијата на улиците во општина Бутел, коишто се опфатени со првата фаза. Ова се улици кои на големо задоволство на граѓаните, за првпат ќе добијат асфалт.
Овие краци за првпат ќе добијат асфалт, по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места, со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови.
Во текот на мандатот на градоначалникот Дарко Костовски нема да остане неасфалтирана улица на територија на Општина Бутел.
Општина Бутел продолжува со активностите во останатите населени места, коишто се опфатени со првата фаза.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места.
Извор: Општина Бутел