Општина Битола ги известува жителите на градот Битола и населените места дека во периодот ноември – декември 2023 година започнува со реализација на буџетски форум во заедницата со цел подобро планирање на општинскиот буџет за 2024 година. Првата работна сесија од буџетскиот форум ќе се реализира на 02.11.2023 година со почеток во 11 часот во хотел Премиер (Лавчански пат).
Општина Битола ги поканува сите заинтересирани граѓани да земат учество во работата на Форумот и да дадат свој придонес кон планирањето на општинскиот буџет за 2024 година.
Извор: Општина Битола