spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Доделени првите Решенија за финансиска поддршка за спортисти

Илинден: Доделени првите Решенија за финансиска поддршка за спортисти

Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги додели првите Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.

Како што истакна градоначалникот, Александар Георгиевски целта е да се поддржат и наградат спортистите од нашата општина кои оствариле големи успеси во делот на спортот, како и да се стимулираат останатите за постигнување големи победи на спортските натпревари.

Оваа мерка содржи повеќе категории, а износот кој го доделува Општината како финансиска поддршка изнесува, за прва категорија во висина до 130.000,00 денари, втора категорија во висина до 120.000,00 денари, трета категорија во висина до 90.000,00 денари, четврта категорија во висина до 60.000,00 денари и петта категорија во висина до 30.000,00 денари. Грижата и поддршката на индивидуалните и клубските спортисти  ќе биде секогаш приоритет на Општина Илинден, така што истата ќе продолжи и во наредниот период  со доделување на финансиска поддршка.

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...