Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, беше дел од конструктивниот состанок на „Заедничкиот консултативен комитет меѓу МК и ЕУ“, претставуван преку европскиот Комитет на региони.
Оваа средба на меѓународно ниво беше одлична можност за размена на информации, но и прилика да се слушнат повеќе успешни политики и пракси, со цел како локална самоуправа да ги подобриме условите за живот на граѓаните и да ги приближиме кон европските стандарди.
Се водеше дискусија и за чекорите кои ги презема локалната власт во правец на напредокот на патот кон Европската Унија, при што, како ЗЕЛС, побаравме од европските делегати поддршка за Иницијативата со која се бара реформите на локалната власт и децентрализацијата да влезат како нов, посебен кластер во преговорите со ЕУ.
Извор: Општина Центар