Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020/2021 година, вкупниот број на ученици и на студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 3 754, што претставува намалување за 34.5 % во однос на 2019/2020 година. Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 184 ученици.
Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.
Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти за време на школувањето надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.
Извор: Државен завод за статистика