HomeСамостојни органиАМС: Светско злато за најдобриот македонски кикбоксер

АМС: Светско злато за најдобриот македонски кикбоксер

spot_img
spot_img

Носителот на златниот медал од СП во Кикбокс Маитаи, кое од 17-26 ноември се одржа во Албуфеира, Португалија, беше на прием во Агенцијата за млади и спорт.

Бобан Илиоски го претвори минатогодишното европско злато во светско.

–          Не направи горди и беше вистински пример за македонскиот борбен карактер, упорност, спортски инает, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски потенцираше дека поддршката која АМС ја обезбедува, ги обврзува федерациите и спортистите на поинтензивна работа, им овозможува учество на сите меѓународни случувања, а тогаш успехот е неминовен.

Следен чекор на федерацијата е кандидатура за домаќини на едно големо натпреварување, додаде Митровски.

На приемот своите импресии ги изнесе златниот од Португалија, најдобриот македонски претставник во Кикбокс, Бобан Илиоски.

 

Тој истакна дека верувал во успех од самиот почеток и дека одкажувањата од сите задоволства, во комбинација со упорна работа е пресудно за остварување на врвни спортски резултати. Неговите идни планови се поврзани со учество на тренинг камп во Холандија, за кој вели дека е еден од најтешките спаринг тренинг кампови, но тоа е единствен пат до успехот.

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија