Град Скопје објави Јавен повик за доделување на финансиски средства за спроведување програми, проекти и програмски активности во областа на спортот и младите од интерес за Град Скопје за 2023 година.
Право на учество на јавниот повик имаат здруженија на граѓани, невладини организации, фондации и други правни лица (во понатамошниот текст: правни лица), регистрирани во Централен регистар со седиште во градот Скопје, кои ги исполнуваат критериумите од Правилниците и ја доставиле потребната документација.
Јавен повик и потребна документација:
https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/
Извор: Град Скопје























