spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Реконструкција на повеќе улици во општината

Карпош: Реконструкција на повеќе улици во општината

Во тек се подготвителните активности за реконструкција на улицата „Париска“ во Тафталиџе 1 и улицата „Иван Аговски“ во Карпош 1. На овие сообраќајници е воспоставен времен сообраќаен режим, со посебна вертикална сигнализација (сообраќајни знаци), а во одредени моменти сообраќајот е регулиран и рачно (со знаменца).

Деновиве се одвива гребење на стариот и оштетен коловоз (асфалт) и од таа причина, ги замолуваме сите граѓани да не ги паркираат своите возила во должина на овие улици.

Станува збор за сообраќајници кои се лоцирани меѓу повеќе објекти за домување, каде што фреквенцијата на луѓе е поголема, но со реконструкциите ќе се придонесе кон подобри и побезбедни услови за движење на сите учесници во сообраќајот.

Градежната сезона ќе продолжи и со реконструкција на улиците „Гиго Михајловски“ во Карпош 1, како и „Шекспирова“ и „Мирка Гинова“ во Карпош 2.

Исто така, претстои обнова и на плочникот во Порта Влае, каде што ќе се заменат старите и дотраени плочки со нови, а ќе биде поставена и нова хидроизолација.

На сите граѓани им благодариме на разбирањето и трпението додека се одвиваат теренските градежни активности.

Извор: Општина Карпош

Прочитајте