spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Хуманитарен концерт за ЛЕО во ООУ ,,Братство”

Карпош: Хуманитарен концерт за ЛЕО во ООУ ,,Братство”

Под мотото ,,Свириме и пееме за Лео”, ООУ ,,Братство”, во средата, организираше хуманитарен концерт, со цел да се помогне во лекувањето на осумнаесетгодишниот Леонид.

Во организација на наставничката по музичко образование, Лиридона Сума, во соработка со одделенските наставници од прво, второ и трето одделение, со музички настапи на учениците од истоименото училиште, се потрудија да бидат дел од помошта за собирање финансиски средства за лекувањето на Лео. Инаку, за третманот на Леонид, потребни се 800.000 евра, а вакви концерти изминативе денови се одржаа и на повеќе локации ширум државата.

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...