Продолжувањето на Реики праксата со ова трето, напредно ниво, би значело навлегување во светот на мистериозните учења, светски и лични. Овој Реики курс ни ги отвора вратите кон нашето несвесно, во кое се складирани сите потребни информации за себе, ресурси, потенцијали, сеќавања, емоции и мисли, сѐ што е потиснато и непризнаено, а кое нѝ управува со животот. Целта на овој курс е осознавање и скротување на сопствената Сенка и разбирање на концептот на Единство преку древните и мистериозни знаења, низ ре-интегрирање на сопствената личност и сите нејзини делови како целина.
На овој курс ќе научите и постигнете:
- Механизмите на духовен развој;
- Смислата на еволутивниот пат на Земјата и нејзините симболи;
- Обрасците по кои функционира природата;
- Поврзување на древните знаења од различни култури и науката;
- Нумеролошка, геометриска, визуелна, астролошка, енергетска и друга симболика;
- Патешествието на душата;
- Враќање кон срцето;
- Четвртиот симбол и негова употреба;
- Промена на менталниот склоп, моќта на мислите;
- Силата на зборовите;
- 2 ускладувања (attunements) итн.
Реики 3/А ја золемува нашата фреквенција до стадиум на моментална манифестација, а со тоа бара од нас свесност на високо развиени битија кои активно ќе учествуваат во промените на Земјата.
Предуслов: Реики Ниво 1, Реики Ниво 2 и континуирана пракса.
Важни ниформации:
Достапни термини за овој курс:
- 31.01.2021
- 04.04.2021
- 13.06.2021
- 22.08.2021
- 17.10.2021
- 26.12.2021
Се одржува во недела од 10 часот до 18 часот со кратки паузи.
Местото го резервирате со уплата, НАЈДОЦНА 5 дена пред почеток на курсот.
Опционо може да го следите и онлајн.
Ако сакате да дознаете повеќе за Реики методот:
https://www.arslucida.mk/mk/treninzi/reiki-3a-nivo3/
Kурсот ќе се спорведува согласно новите протоколи кои произлегуваат од „Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот“
Протоколот е достапен тука: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/covid/protokol_za_organizacija_na_rabotni_sostanoci_obuki_kursevi_i_seminari.pdf
Поради овие мерки бројот на места ќе биде ограничен за наша и ваша безбедност.
Извор: Javnaadministracija.mk