spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Изградба на канализациона мрежа КРАК 3 во с. Русиново

Берово: Изградба на канализациона мрежа КРАК 3 во с. Русиново

Градоначаникот на Општина Берово, Звонко Пекевски во  Министерство за животна средина и просторно планирање, потпиша договор за изградба на канализациона мрежа, КРАК 3 во с. Русиново.

Со проектот ќе бидат опфатени 363 метри, канализациона мрежа, ќе се заштитат водите на река Брегалница, ќе се заштити животната средина и ќе се подобри социјалната кохгезија.

На истиот потег, во изминатиот период,  асфалтирана е улицата, изградени се улиците ,,4” и ,,5”, при што,  со мрежата за отпадни води,  се опфаќа поголема целина и покриеност и се подобруваат условите за  живот, на жителите од с. Русиново.

Проектот за изградба на канализациона мрежа КРАК 3, во с. Русиново, ќе се реализира преку Програмата за инвестирање за животната средина за 2021 година, при што  Министерство за животна средина и просторно планирање ќе финансира 1.000.000,00 , а останатите средства,  ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Берово.

Со реализацијата на овој проект докажуваме дека сме силно посветени на  поддршка  на руралниот развој во Општина Берово а со тоа овозможуваме и поддршка на  земјоделството.

Извор: Општина Берово 

Прочитајте