spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСамо за една година донесовме 24 инвеститори, развојот на Петровец ќе продолжи...

Само за една година донесовме 24 инвеститори, развојот на Петровец ќе продолжи и во наредните 4 години

Почитувани сограѓани на Општина Петровец

Во изминатиов период Општина Петровец во ниту еден момент не престана со работа и покрај тешките услови кои ги предизвика пандемијата.

Општина Петровец е најуспешната општина по број на влезени домашни и странски инвеститори. Само во 2021 година  Општина Петровец стана побогата за нови 24 инвеститори.

Во изминатиов период како нај крупни проекти кој беа реализирани во нашата општина можеме ќе ги наброиме:

  • Фекалната канализациона мрежа за населено место Петровец и населено место Ржаничино
  • Изградба на спортски сали во населените места Катланово и Средно Коњари
  • Реконструкција на културен дом и темелна реконструкција на О.У. “Братство Единство” во населеното место Сушица
  • Изградба на 90% на локалните улици во сите населени места во Општина Петровец

Во наредниот мој нов 4 годишен мандат како по крупни проекти ќе ги наброиме:

  • Изградба на современ културен дом и нова општинска зграда во Петровец
  • Изградба на нова детска градинка во населеното место Ржаничино и населеното место Долно Коњари
  • Изградба на спортска сала и доизградба на канализационата мрежа во населеното место Огњанци
  • Исто така ќе ги доизградиме сите локални улици во сите населени места во Општина Петровец
  • Ќе продолжиме со политиката на привлекување на домашни и странски инвеститори се со една единствена цел, да го намалиме бројот на невработени лица и да ги подобриме условите за живеење во нашата Општина.
  • Исто така ќе реализираме и други проекти по барање на жителите од секое населено место, а кој нема да бидат ставени во нашата програма.

Почитувани мои сограѓани, како досега така и понатака ќе продолжиме да ја градиме и обновуваме Општина Петровец, да стане една од најубавите места во нашиот регион и едно убаво место за живот на сите жители во неа.

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...