spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМВР: Приведен за нудење поткуп

МВР: Приведен за нудење поткуп

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско. Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Tој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

Прочитајте

МНР: Османи – Човечка должност ни е да осудиме геноцид, со...

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на отворена дискусија за коспонзорството на Северна Македонија на резолуцијата на ОН за геноцидот во Сребреница, при...