spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Асфалтирање на улицата Кленовец

Битола: Асфалтирање на улицата Кленовец

„Дочекавме, по 40 години, да не ни поплавуваат домовите на секој поголем дожд и да имаме нормална асфалтирана улица“, велат дел од жителите на улица „Кленовец“, кои во голем број се сретнаа со градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и изразија задоволство од целосната реконструкција на улицата.

 

Градоначалничката Петровска изврши увид во асфалтирањето на коловозот на ул. „Кленовец“, заедно со тимот задолжен за реализација на овој проект. Реконструкцијата на ул. „Кленовец“ се состоеше од поставување на нова канализациона мрежа во вредност од 5.432.204 денари, водовод во вредност од 2.778.000 денари и сегашната финална фаза на нов коловоз, во вредност од 5.946.026 денари.

 

Реконструкцијата на ул. „Кленовец“, во должина од 657 метри е дел од Програмата на градоначалничката Наташа Петровска, во делот на комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола, за чија реализација се издвоени 14.156.230 денари.

 

 

Извор: Општина Битола 

 

 

 

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...