spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“, унапредување на...

МФ: „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“, унапредување на внатрешната ревизија

Владата на Република Северна Македонија е посветена на спроведувањето на реформи во управувањето со јавните финансии. За таа цел  е донесена „Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии 2018-2021“ , во чии рамки еден од приоритетите е внатрешната контрола. Унапредувањето на внатрешната ревизија и внатрешната контрола останува приоритет и во новата „Програма за реформа во управувањето со јавните финансии 2022-2025“ за која се почнати активности во Министерството за финансии.

 

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски обраќајќи се на отворањето на заедничкиот настан организиран од PEMPAL Internal Audit Community of Practice и Министерството за финансии на Република Северна Македонија.

Алатките, како што истакна, односно прирачниците кои се производ на заемната соработка на државите коишто ја сочинуваат PEMPAL заедницата, значајно ќе придонесат во имплементирање на голем дел од активностите  во делот на внатрешната ревизија и внатрешната контрола, коишто ќе бидат дел од новата Програмата за реформа во управувањето со јавни финансии.

-Внатрешните ревизори се една од најзначајните алки во целиот систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор. Затоа е потребно во континуитет да се практикува размена на искуства и најдобри практики од работењето, со што ќе се унапредува квалитетот на работењето на внатрешната ревизија, а истото ќе придонесе и за унапредување на менаџерската отчетност и внатрешните контроли, рече заменик-министерот за финансии Ковачевски

Соопшти дека Министерството за финансии започна и активности за основање на Академија за јавни финансии, со што ќе се обезбеди стабилна основа за континуирана едукација на јавната администрација од областа на управувањето со јавните финансии, а тоа ќе придонесе во создавањето модерна и стручна администрација за обезбедување квалитетни и брзи услуги за граѓаните и деловните субјекти.

-Со основањето на Академијата за јавни финансии, во иднина се отвораат можности за продлабочување и проширување на соработката со PEMPAL, оцени Ковачевски.

Во обраќањето тој ја потенцира  одличната долгогодишна соработка и поддршка што ја дава PEMPAL на Министерството за финансии, за понатамошно успешно  практикување на јавната внатрешна финансиска контрола.

На настанот претставници од Министерството за финансии, PEMPAL  IACOP, како и внатрешни ревизори од јавниот сектор дискутираат за системот за внатрешна контрола на Северна Македонија, добрите практики во земјава и искуството на одделот за внатрешна ревизија на МФ, проценка на ефективноста на внатрешната контрола и слично.

PEMPAL е мрежа за олеснување на размената на професионално искуство и пренос на знаење меѓу експертите на финансиско упавување во јавниот сектор низ Европа и Централна Азија, додека IACOP има за цел да ги поддржи своите земји-членки во воспоставувањето модерен и ефективен систем за внатрешна ревизија коj е во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики и е клучен за добро владеење и отчетност во јавниот сектор.

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...