spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторМП: Прес конференција на генералниот директор Јани Макрадули

МП: Прес конференција на генералниот директор Јани Макрадули

Вработените не треба да се грижат за своите работни места и за финансиската состојба на Компанијата. Денес е исплатена плата за сите 2400 вработени во законски утврдениот рок, рече генералниот директор Макрадули на прес конференцијата за медиумите, по одржаниот состанок со Синдикалната организација на Пошта на Северна Македонија и Синдикатот на Македонска пошта.

По месеци за тековната година исплатата на плати е: јануари 2021  – 01.02.2021евруари 2021 – 03.03.2021арт 2021 – 01.04.2021прил 2021 – 29.04.2021ај 2021 – 04.06.2021уни 2021 – 01.07.2021ули 2021 – 05.08.2021вгуст 2021 –07.09.2021.

Управниот одбор од 11 ноември 2020 год., имапотпишано  87 нови договори со нови коминтенти, за првпат е воведена електронската трговија и во овој момент има 14 коминтенти кои продаваат производи преку нашата платформа, воведена е флексибилната достава, вложивме во инвестиција и ќе нè има во новиот шопинг мол Ист гејт каде воведуваме нова услуга со ќеса на адреса. Со сите тие услуги го уверивме синдикатот да не се грижат за иднината, а вработените да не се грижат како за своите работни места така и за платата, потенцираше Макрадули.

 Во првите шест месеци од годинава зголемени се и приходите од поштенски услуги. Писмоносни услугизголемени се за 10,3 милиони денари, приходите од пакети  за 1,7 милиони денари, а зголемена е и продажбата на марки и приходите  за 0,9 милиони денари.

Во однос на платниот промет кој беше отежнат односно не постоеше поради стечајот на Еуростандард банка, сега го заживуваме со Халк бакна,но  сè уште се бележат загуби во споредба со минатата година. Тенденцијата е дека веќе сме стигнати до неколку милиони трансакции и 50-тина милиони денари од провизијата што ја имаме во сооднос 71:29 отсто, многу повеќе отколку што имаше во претходниот период со Еуростандард. Покрај тоа, во првите девет месеци исплатени се 70 милиони денари, што е за 30 милиони повеќе кон компаниите во споредба со 2020 год. Сето ова им беше предочено и на синдикатите, беа донесени заклучоци врз основа на нивните барања, и заедно во партнерски однос ќе ги решаваме, заклучи Макрадули.  

Макрадули најави дека со синдикатите ќе разговара и за зголемување на платите на вработените по најавата за зголемување на минималната плата на 18 000 денари од 1 јануари 2022 година.

 

Извор: Пошта

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...