spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Преку транспарентен начин носиме нов Закон за градење

МТВ: Преку транспарентен начин носиме нов Закон за градење

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на покана на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денеска се обрати на стручната расправа по однос на текстот за новиот предлог Закон за градење.

Текстот на новиот Закон за градење е веќе изготвен и доставен до сите заинтересирани страни за што Министерството за транспорт и врски во овој период прибира предлози и идеи за негово подобрување.

„Реформските процеси ги продолжуваме за да изградиме праведно општество кое ќе се темели на сигурност за сите чинители во оваа дејност, граѓани, инвеститори, интитуции. Се определивме да креираме комплетно нов Закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и ќе го стимулира просторниот и економски развој во државата.
Со новиот предлог Закон се уредува материјата на проектирање, на издавање на акти за градење, подготвителни работи, уредување на градилиште. Дополнително, се уредува категоризацијата на градби, а го зајакнуваме и инспекцискиот надзор над градењето со тоа што општинските инспектори стануваат дел од Државниот инспекторат за урбазниам и градежништво, преку оформување на Регионални подрачни единици.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Тој во продолжение истакна дека со Предлог на Законот за градење ќе се овозможи и стимулира просторниот и економскиот развој, ќе се стимулира инвестирањето во градење, ќе се зајакне улогата на стручната јавност и правата на странките и на крајот, ќе се овозможи разрешување на наталожените проблеми што постојното се јавуваат во оваа област.

Министерот Бочварски во своето обраќање потенцираше дека Министерството за транспорт и врски ја продолжува праксата за транспарентно носење на реформските закони, со комплетно вклучување на стручната фела, на институциите, бизнис коморите, асоцијациите и сите заинтересирани во оваа дејност.

Свое обраќање на стручната расправа имше и Кристина Радевски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инжењери.

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...