spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаКривична пријава против сопственикот на печатницата „Софија“ – Богданци која печатеше лажни...

Кривична пријава против сопственикот на печатницата „Софија“ – Богданци која печатеше лажни флаери од име на Партијата

Денес (среда, 3 ноември 2021 година), Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Повреда на слободата на определување на избирачите“, казниво по член 160 од Кривичниот законик – против печатницата „Софија“ од Богданци и против нејзиниот сопственик и управител Александар Семенпеев.

Пријавените се теретат за злоупотреба на официјалните симболи на ПП Левица во предизборната кампања за Локалните избори 2021 и за пуштање во оптек летоци со невистинита содржина, со цел измама на избирачите при користењето на нивното избирачко право.

Очекуваме ОЈО Скопје, во најбрз можен рок, по службена должност да постапи по однос на наводите изнесени во пријавата.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...