spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕДржавата е во тешка состојба, граѓаните одлучија дека промените се неопходни

Државата е во тешка состојба, граѓаните одлучија дека промените се неопходни

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со меѓународниот секретар Владимир Ѓорчев и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски остварија средба со Олин Ветингтон, член на бордот на директори на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Претседателот Мицкоски истакна благодарност за поддршката која што ИРИ ја дава во градење на силни демократски капацитети на државата, потенцирајќи дека ваквата соработка со зголемен интензитет треба да продолжи и во наредниот период.
На средбата соговорниците разговараа и за актуелната политичка состојба во државата, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше нагласено дека државата се наоѓа во тешка состојба, потенцирајќи дека со убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори граѓаните одлучиле дека промените се неопходни.
Претседателот Мицкоски нагласи дека избраните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ веќе интензивно започнале со реализирање на ветените проекти се со цел испорачување на резултати и остварување на подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.
Мицкоски додаде дека во државата мора да се случат промени се со цел реформите кои што ги ветиле пред граѓаните да ги спроведат, порачувајќи дека тоа е возможно само со организирање на предвремени парламентарни избори.
Соговорниците ја нагласија заложбата за продолжување на соработката во областа од стратешка важност за државата и граѓаните.
Со почит,

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...