spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕГраѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина...

Граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД.

Претседателот Мицкоски го поздрави ангажманот и соработката на НДИ со ВМРО-ДПМНЕ и изрази подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната соработка се со цел зајакнување на демократските процеси во државата.

Соговорниците разговараа и за резултатите од локалните избори, за кои што претседателот Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и нова стабилна влада која ќе ги рефлектира барањата на граѓаните.

Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за подобра иднина на сите граѓани на државата и реализирање на клучните проекти кои што ги ветија во изборната кампања. Воедно тој посочи дека е потребно целосно испитување на злоупотребите на државните институции во изборниот процес и недемократските средства со кои се служеше власта во заминување.

Соговорниците се согласија дека соработката со НДИ треба да продолжи и во иднина на насока на подобрување на демократските процеси на државата.

Со почит,

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

МЗ: Со новата Биолошка терапија, подобрен квалитетот на живот на пациентите...

0
-Чест ми е што со Здружението на лица со хемофилија, фон Вилебранд и ретки коагулопатии-ХЕМОЛОГ заеднички го одбележавме Светскиот ден на хемофилија. Во изминативе...