spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕАлтернатива има две опции или да го послуша гласот на народот кои...

Алтернатива има две опции или да го послуша гласот на народот кои се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ, или да тргне по позиции и да се претвори во криминално милје

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес конференциоја одговарајќи на новинарско прашање кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за можноста Алтернатива да биде дел од владата на СДСМ и ДУИ, нагласи дека Алтернатива има две опции или да го послуша гласот на граѓаните кои на овие избори гласно се спротивставија на политиките на оваа влада или да тргне по позиции и со самото тоа да се претопи во криминално милје на Заев.

Ако Алтернатива мисли дека треба да биди дел од влада на СДСМ и ДУИ и на сето она што тие како багаж го носат со себе, криминал, корупција, сиромаштија, тогаш навистина искрено жалиме. Алтернатива има две опции, едната е да го послуша гласот на граѓаните кои на овие локални избори гласно се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ, или да тргне по трката за позиции и со тоа да се претопи во криминалното милје на Заев, вели Митева.
Митева истакна дека во моментот владата се опстанува врз основ на киднапиран пратеник на кој што како што рече таа му пропаѓа оправдувањето кое што го дал за таков чекор, а тоа е добивање на датум за почеток на преговорите со Европска Унија.
Во однос на ситуацијата 60 – 60 во моментото можеме да кажеме дека власта се одржува врз основа на киднапиран пратеник на кој што гледаме дека му пропаѓа и она оправдување кое што го даде за таквиот чекор, а тоа е добивањето на датум за Европската унија, изјави Митева.
Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=xTd4ZfT6vfg

Прочитајте

МНР: 55 години од создавањето и развојот на дипломатската служба

0
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните...