spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Се асфалтираат 2 улици во Тимјаник

Неготино: Се асфалтираат 2 улици во Тимјаник

Во рамките на ТАВ програмата, во Тимјаник во тек е целосна реконструкција со тампонирање и асфалтирање на 2 улици во вкупна должина од 450 метри.

Едната улица (9) која се асфалтира е во должина од 158 метри и со ширина од 5,5 метри со поставување на дренажни цевки, а вредноста на работите изнесува 2.120.000 денари.

Асфалтирањето на втората улица (14) е во должина од 285 метри и со ширина од 5,5 метри, а вредноста на работите изнесува 2.900.000 денари, со тоа што на оваа улица е изведен зафат со поставување на решетка за одводнување на атмосверските води. Изведувач на работите е градежната фирма „Градба промет“.

 

 

Избор: Општина Неготино

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...