spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаСЕП: „ Успехот на европското досие на Северна Македонија е клучно...

СЕП: „ Успехот на европското досие на Северна Македонија е клучно ако сакаме европскиот политички билет да биде добитен “

На покана на Владата на Црна Гора, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес учествуваше на регионалната конференција посветена на европската иднина на регионот „Западен Балкан: Иднината на Европа е наша заедничка агенда“.

Вицепремиерот Димитров истакна дека за надминување на застојот во процесот на проширување, регионот треба да испрати јасна порака поткрепена со конкретни дела.

Димитров: „Колку повеќе зборуваме во еден глас, толку погласно ќе одекне нашата порака и подалеку ќе се слушне. Во главните градови на ЕУ, вестите од една држава од регионот влијаат на перцепциите за целиот Западен Балкан, треба да покажеме дека можеме да работиме заедно и да ги надминеме отворените прашања. ЕУ пак, од своја страна, треба да докаже дека ја разбира стратешката важност на проширувањето со земјите од регионот. Ако зајакнувањето на отпорноста на Унијата е една од точките што ја засегаат иднината на Европа, тогаш токму регионот е виталната точка за остварување на оваа цел. Успехот на европското досие на Северна Македонија е клучно ако сакаме европскиот политички билет да биде добитен.“

Настанот беше организиран во соработка со Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ), при што поздравни обраќања имаа премиерот на Црна Гора – Здравко Кривокапиќ и претседавачот со Советот на ЕУ – Гашпер Довжан, додека пак во дискусијата учествуваа и вицепремиерката на Косово Доника Гервала, главната преговарачка за Црна Гора Зорка Кордиќ, главниот преговарач за Албанија Зеф Мази и други високи претставници од регионот.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...