Младите лекари се нашиот фокус и правиме сѐ за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукација како и условите во кои работат. Во функција на наставната, научната и применувачката дејност на Стоматолошкиот факултет, пуштени се во употреба реконстуирани сали за клиничка и практична настава, опремени со најсовремена стоматолошка опрема.
На состанокот со деканот на Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Kиро Ивановски, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, колегите од Клиниката беше разговарано за унапредување на новите планови и програми за специјализации и супспецијализации од областа на стоматологијата. Новите планови и програми се соодветни со последните трендови на земјите членки на Европската Унија и ќе придонесат за продуцирање на високостручен специјалистички кадар од областа на стоматологијата.
Извор: Министерство за здравство